Маж ја барал кравата, па и самиот се изгубил: Кравата се вратила, но не и тој

Тргнал да си го бара своето животно кое се загубило, но за жал сега и нему му се губи секаква трага.

Имено во моментов се трага по едно лице кое исчезнало на планината Звекуша, а се работи за маж кој се изгубил откако тргнал во потрага по крава.

Припадниците на планинската спасувачка служба Прењ од четири часот утринава се на терен во потрага по исчезнатотт лице.

Во меѓувреме, кравата сама се вратила дома, но се уште се трага по нејзиниот сопственик.