Македонија забрзано се празни: Во тетовско Теново за неколку месеци се испишале 25 деца

Селото Теново во општина Брвеница е речиси целосно испразнето. Многу куќи се затворени а можат да се сретнат само постарите. Жителите се жалат дека лошите политики, недостигот на инвестиции ги натерале младите да се иселат. За само 3 месеци 30-тина ученици поднеле документи за иселување.

„Улиците се речиси празни. Нема ниту возрасни. Овде на селскиот плоштад и кафеаната е празна. Ова е селото Теново, кое остана речиси празно поради иселување“.

Жителите на Теново во општина Брвеница се жалат дека се во ваква состојба како резултат на лошите политики бидејќи никогаш не се инвестирало за отворање нови работни места и инвестиции во земјоделството. Еден постар човек што го сретнавме рече дека неговите внуци и внуки растат далеку од него, бидејќи нивните деца се во странство.

„Во селото има се помалку луѓе, секој ден се иселуваат. Се е поради недостиг на вработувања, државата лошо се справува со ова. Целиот проблем е кај условите, вработувањата, државата мора да се погрижи да обезбеди услови. Да имавме еден или двајца вработени во семејството, немаше да се селиме. Од неодамна и овде нема работа на нива, нема кој да ја обработува земјата, земјоделството веќе не се плаќа. Ќе останат само постарите. Син ми замина со снаата, останаа само старите. Сега ќе си оди и другата снаа, децата, така е кај сите“, рече еден жител на Теново.

Трендот на миграција ги испразни училиштата. За само три месеци 30-тина ученици побарале документи за иселување.

„Во однос на иселувањето на учениците, бројката е голема. На пример, во септември имавме 314 ученици, денес имаме 289, над 20 ученици се иселиле за само неколку месеци. Бројката е многу намалена, особено во училиштето на планинското село Гургуница“, изјави Африм Емурлаи- директор на О.У „Гоце Делчев“, Теново.

Целата сторија со видео прилог може да ја просследите на Алсат М.