Македонија има европски првак – Иџе слави титула па порача: За мојот народ, за мојата Македонија

Игор Стефановски Иџе, најдобриот македонски автомобилист, слави нова титула европски првак во ридско брзинска конкуренција.

Стефановски на трката во Бузет, Хрватска беше најдобар и на двете денешни возења па со севкупно време од 5:13,189 ја однесе победата пред Италијанецот Антонио Миџиоли кој заостанат 3,683 секунди.

За Стефановски воедно ова беше седма сезонска победа од десете трки во сезоната и сосема заслужено со 229 бода се радува на титулата.

-Трократен Европски Шампион за мојата Македонија, за мојот народ. 2014/2015/2023 Бидете горди,испишавме нова историја, порача Иџе по трката.

На стазата денес тој имаше голема поддршка од стотина свои, македонски навивачи кои допатуваат да му дадат поддршка и воедно заедно да прослават.