Македонија остана без еден од најврвните музичари – почина човекот кој компонираше безвремени хитови

Македонија остана покуса за уште едно врвно музичко име откако на 74 годишна возраст се упокои Кире Костов кој беше еден од најпознатите македонски композитор, инструменталист и диригент.

Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година и негов диригент.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Добитник е на бројни награди и признанија. Беше и диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предаваше на отсекот за камерна музика – оркестар.

обитник е на бројни награди и признанија од кои би ги издвоиле -Три Гранприја на фестивалот Макфест (1986,1993, 1995 година), Два Гранприја на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија ,,Тајно моја,,и,,Илузија во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – “Бела птица“, “хххх“ во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина –

“Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот Сунчане скале – “Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот Сунчане скале – “Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот Пјесма Медитерана-Будва, Црна гора – “Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.