Македонската пејачка децидна: Да го направиме славно суштествово што ми се заканува со тужба

Познатата македонска фолк-пејачка Анета Наковска секојдневно е активна на Фејсбук каде без влакна на јазикот ги решета сите против кои има некаков коментар.

Пред некој ден беа откриени три застрелани мечки во Маврово. На фотографиите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина се гледа депонија на која мечка и две нејзини мечиња се фрлени и на нив има крвави траги.

Така, Анета Наковска како некој што ги сака животните и не пропушта прилика да застане против секој оној кој сака да им наштети, напиша:

Ај да го направиме славно суштествово,што ми се заканува со тужба,затоа што посакувам да се истребат да не постојат гнасотии како овие што се дрзнале да убиваат мали мечиња!!!

Па како што ти кажав кретену во Америка да се случеше ова доживотен затвор ќе добиеше кукавицата,ама овде ти се дрзнуваш да ми се силиш мене така??!Што посакувам правда?!

А дел од коментарите и препукувањата меѓу Наковска и извесен граѓанин на кого таа му ја посвети објавата може да погледнете во продолжение