Македонската пејачка: Ми побарале да продадам свој измет и урина за 500 евра, а јас сум тука да услужам

Дијана ОГ или Дијана Дурлевиќ како што и е вистинското име на некогашната македонска писателка и поетеса која со своите дела не привлекла млади читатели, па стиховите ги преточила во рап музика под уметничкото име Дијана ОГ.

Она што ги привлекува кај нејзе е тоа што нема влакна на јазикот и буквално отворено зборува за секоја тема и секоја ситуација.

Дијана беше гостинка во Жешко столче каде отворено прозбори за заработката на Onlyfans и што е она крајно бизарно што и понудиле за пари.

– Заработувам добро, Онлифанс е мој прв инкам на пари, сешто нешто, секакви понуди добивам, има пари но треба да се работи.

Не знам дали смеам да кажам, но најбизарното нешто што ми го побарале е да продадам свој измет и урина за 500 евра. Во суштина во денешно време ништо и не е нормално, ги разбирам луѓето, секој си има свој начин како се задоволува.

Ако е тоа што ги задоволува моите купци, јас сум тука да ги услужам.