Македонскиот јутјубер по една година конечно собра храброст да проговори за здравствениот проблем: Моментално сум изгубен, никое апче не ми помага

Македонскиот познат јутјубер ритко една година веќе не снима видови на јутјуб, а сега конечно се огласи и за првпат објасни со какви проблеми се соочувал досега и зошто го немаше во јавноста.

– Во 2022ра јас доаѓам во Германија со болки во левата страна на главата, во окото, забите и правам магнетна резонанца – не ми наоѓаат ништо. После тримесечна болка, главата ми се смирува и немам болки. Се вратив во Македонија и продолжив да снимам, но влегов во депресија, зашто цели три месеци ме болеше секој ден.

Психички ме падна многу. Повторно почна да ме боли главата во Макеоднија од левата страна. Правам преглед томографија во Жан Митрев во Битола – не ми наоѓаат ништо. Одам на неуролог ми наоѓа дека сум многу нервозен напнат, продолжија болките, а се друго тотално добро.

Пропаднав финансиски, психички, физички. Сите другари што мислев дека ќе ми помогнат, што додека јас имав им помагав – не ми помогнаа. А многу од вас зборат пропадна, јас пропаднав да но пропаднав заради здравјето. Јас во Германија го снимав вратот и ми најдоа проблем.

Ми наоѓаат дека немам доволно простор во вратот, искривен ми е, како кифоза нешто и плус ми наоѓаат стиснат нерв во вратот и ми рекоа дека од тоа ме боли. Јас моментално сум изгубен, во депресија сум, секој ден ме боли глават, никое апче не ми помага.

Иако не можам, после ова видео планирам да се вратам со видеа, со стримови, и знам дека јас ќе го решам мојот проблем затоа што немав досега храброст да го проговорам ова и да ви го кажам. Се криев ,се притискав, мислев дека ќе ми се смеете, но решив да го кажам. И оваа левата рака цела ми е укочена не ја осеќам, исто и десната нога и не знам што да направам.

Скама да се советувам со вас, дали да се вратам во Македонија или да останам овде? Јас немам дом, како прво семејството не ме прифаќа, не ме разбира каков проблем имам, јас не знам кај е мојот дом. Овде во Германија е татко ми, но не ми е добро, сакам дом, сакам мир, вели Ридван Мемедов, попознат како Ритко.