Македонските народни приказни со нови епизоди – еве на кој канал ќе се емитуваат премиерно

Кога ќе се спомнат Македонски народни приказни, будат носталгија кај многумина. Како што е познато тие се се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби.Старите незаменливи епизоди, но и новоснимените си носат со себе големи поуки.

А деновиве, на фејсбук страницата Ѓорѓи Колозов администраторот напиша известување кое ќе израдува многу обожаватели на македонските народни приказни.

НАРОДЕ!!!Фанови, верни обожаватели, в љубеници во приказните, ми припаѓа честа да ве известам!!!!Долго и предолго очекуваните најнови Македонски народни приказни премиерно секој викенд (Недела) во 12 часот со новата телевизиска шема на Сител Телевизија!!!

Што ќе гледате во новите приказни?!Слободно можам да кажам дека ова ќе биде една од најдобрите сезони досега снимени на најнови приказни.

Владо како режисер максимално се вложи и потруди новите приказни да се достојни продолжениа на старите, да потсетуваат на нив, и не само тоа…со богатата сценографија, актерската постава и дејствиата кои ќе ги видите навистина новите приказни ќе ве остават без зборови.

Со Владо се познавам повеќе од 15 години од самите негови почетоци во приказните, соработката со него секогаш ни била одлична и на ниво, па тргнувајќи отаму во една од новите епизоди ќе ме видите и мене, не толку глумачки настроен колку што сум по пишувањето па ќе видите и такви приказни.

Една од приказните е снимена во Бигорскиот манастир, друга во Охридско Велестово, а останатите во Марковиот манастир, како и на Водно.

За повеќе понатамошни информации во однос на некои евентуални измени со терминот на приказните следете ја Сител Тв.