Македонски патници лути на Визер – купиле уредно карти, а останеле без место во авионот

Нискобуџетната авиокопанија Визер со годинините наназад се изгради во водечки авиопревозник од и до нашата држава.

За ваквото нешто придонесоа секако ниските цени на авиокартите кои секако се и благодарение на субвенициите од државата.

Визер од година во година ги зголемува летовите и дестинациите од кои лета од нашата држава, па за многумина наши граѓани оваа комапнија е незаменлива.

Сепак има и такви кои ја избегнуваат, а си имаат и свои оправдани причини, а за една од нив гласно се зборува деновиве на твитер.

Имено како што пишуваат иако уредно купиле карти и имале број на седиште, притоа се чекирале, не им било дозволено да влезат во авион затоа што немало места.

Па на оваа објава се разви дискусија зошто се случило ова, дали биле пуштени повеќе карти во продажба отколку што има места или станува збор за нешто друго.