Марина од Кочани низ солзи: Без денар сум во џеб, ве молам помогнети ми само да станам на нозе

Болна, оставена сама на себе и без денар во џебот – ваква е тешката животна приказна на Марина Лазарова од Кочани.Малата туѓа нега која ја зема ја дава за кредиот подигнат за лекување, не зема социјална помош, а не е ниту во можност да работи.

Благодарение на хуманите луѓе успева да оди на пола терапија во Гевгелија, но не доволно за целосно да застане на нозе.

„Оставена сам на себе, сама живеам никој не ме посетува, никој не ме посетува, никој врата не ми отвара. И туѓата нега ми е укината, социјалното ми вети дека ќе ја врати, но незнам кога.

Народот ми многу помогна, пред да одам на рехабилитација.“ – вели Лазарова која на прашање како преживува и дали има храна вели кратко низ солзи: „Преживувам никако, храна немама“

Потребни се финансиски средства за повторно да замине на рехабилитација во Гевгелија, со цел да може да оди на терапија и да застане на нозе.

„Многу пари се потребни, јас бев на рехабилитација 15 дена, а требаше 21. Јас не можев да седам цела терапија затоа што немав пари“ – вели Лазарова.

Без социјална помош и туѓа нега останува до месец ноември, па моли за помош од сите хумани граѓани кои се во можност да и помогнат. Има потреба од средства за храна, лекови, но пред се пари за рехабилитација.

„Го молам сите хумани луѓе кои се во можност да ми помогна да застанам на нозе.“ – додава Лазарова за Мнет телевиизја.

Сите хумани граѓани кои се во можност да донираат тоа може да го сторат на достапните сметки за донација.