Мирослав од Скопје живеат без струја и без лекови: Лебот го мокрам со вода за да не се задавам

Мирослав и Маре Пекиќ од скопско Волково ги учеле децата на слога и љубов и се труделе да им обезбедат убав живот во рамките на можностите.

Тие имаат пет деца а како што велат двоеле од нивните усти за да им обезбедат оброк и да ги направат подобри луѓе и среќни.

Мирослав имал тежок живот, бил сирак а со сопругата живееле под кирија со додека во еден ден не добил на подарок една мала куќарка во Волково.

За жал денес Мирослав живее во голема темница и без ниту еден денар приход. Тој и така болен оди до Лепенец со количката да донесе дрва за да се згрејат.

Собира железо и стари работи за да може да си купи леб, кој го намокрува со водичка за да не се задави, пари за доктор нема па така самиот се лекува.

Најмногу од се го бо ли тоа што неговите деца ниту еднаш не го прашале како е и што прави, а тој давал се од себе за да ги извади на прав пат.

Мирослав и Марија Пекиќ живеат во темница, без струја се долго време, а единствената саветлина што ја примаат е од свеќата.

– Телефоните ги полниме кај соседите, а струја ретко ни даваат за да поврземе бидејќи е скапа, а без светлина е многу тешко, вели Мирослав.

– Да почнам да набројувам ќе ме фати утре, имам многу бо лести, но немам пари да ги купам лековите, вели тетка Маре пред камерите на ,,Срце на дланка”

Ова семејство не може ниту да добие социјална помош, бидејќи Мирослав нема социјална помош, за истата треба да оди во Србија, каде што е роден, но нема пари.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на телефонскиот број 077752370 или на трансакциската сметка 300007036886861 Маре Пекиќ