Митко Јанчев се огласи по упадот во теренот: Срамно и жално – се оди само во стечај

Екипите на Тиквеш и Гостивар одиграа 2-2 во Кавадарци во меч со мног тензија, пред се од незадоволството од домаќините.

Во еден момент на теренто влета и градоначалникот на Кавадарци, и едена од главните финансиски двигалите на клубот, Митко Јанчев.

Тој по крајот на средбата се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

-После целиот “циркус” на фудбалскиот терен, сепак Господ е на страната на правдата. Иако имаше 2 исклучени играчи, ГФК Тиквеш 1930 го израмни резулатот на 2-2.

Со ваквото однесување на ФФМ, кое е срамно и жално за македонскиот фудбал, се оди само во стечај. Иако резулатот е нерешен, ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии. Напред момци!