Младен од Кочани бил ограбе: Цел живот собирав пари за куќата, а сега останав без нив – барам помош од МВР

Цел живот собирал пари за куќа и на крај останал без нив оти му ги украле од домот во кој живеел. Младен Андонов од Кочани веќе еден месец се труди да го најде сторителот кој од дома му однел над 7000 евра. Вели се започнало со кражба на тренарки и патики, додека да свати дека му ги нема и парите.

Револтиран, вели дека ова не е прва кражба во неговиот дом кој се наоѓа на улица „Славчо Стојменов“ во Кочани.

„Парите ми се украдени од дома од собата. Украдени се од пред еден месец. Лично ми е влезено во собата. Прво ми украдеа тренерките, едно младо дете. Украде ми патиките. Имам многу работи од дома украдено.“ – вели Андонов.

Андонов вели дека за него сторителот на кражбите е познат и дека станува збор за малолетник, но сепак очекува полицијата да го расветли случајот. Додава дека веќе е пријавено и бара во најбрз можен рок да се најдат и вратат назад парите кои ги собирал за куќата.

„Украдени ми се 7100 евра. Барам помош од МВР да ги пронајдат сторителите. Тие сторители за мене се злочини, тие немаат грев. Јас сум сиромав човек, тоа за мене се многу пари. Јас многу добро го знам детето, додје кај мене излажа ме.“ – додава Андонов за Мнет телевизија.

Од полицијата посочија дека се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот на кривичното дело.