Младиот Здравко од Велес има зад себе хорор детство: Сега со мајка му Снежана немаат ни за леб, а се уште има еден голем страв

Здравко Петровски е 26 годишно момче со многу тажна судбина. Кога имал пет години, два дена откако умрело неговото едномесечно братче, мајка му го испратила во забавиште и истиот ден нема да го дочека дома. Тој од тој период се сеќава само на возилото кое го однело во Домот, неговото тропање на стаклото и броњето на годините до полнолетство за да може да се врати меѓу најмилите. За жал, ќе рече тој секое дете треба да расне со родителите какви и да се тие, па затоа нема убави спомени од тој период. Неговата мајка Снежана вели дека баба му го пријавила и затоа детето и било одземено.

Го гледала само еднаш месечно и тоа за неа било многу тешко. За една година го губи и сопругот, кој од жал и мисла за Здрвко починал од мозочен удар. Здравко за својот живот ќе каже дека е претежок, па два пати во домот се бидел и да си го одземе истиот. Не поминува ноќ, а да нема кошмар од моментот на неговото носење во домот и со таа траума и заспива и се буди наутро. На 18 години се враќа во родниот дом кој веќе го доживува како туѓ. Исто како што ја чувствувал и мајка си кога доаѓала да го посетува и теши да издржи. Сепак, ова семејство од мајка и син и покрај сите премрежја се обидува да опстане и да се наикне еден на друг, но, и денес живее тешко со минимални 4000 денари. А, Здравче има многу желби неостварени од детството. Едни од повеќето му се да ја преуреди неговата соба, да имаат за храна со мајка му и да ја посети Шпанија и неговиот омилен фудбалски тим Барcелона.

Здравко е момче кој за своите 26 години и многу пропатил и многу доживеал. За жал од она кое тој ќе го каже, повеќето е лошо и тарорно. На негови пет години со неговите родители живеел сиромашно. Имал мало братче кое имало еден месец и починало, а два дена подоцна неговата баба вели тој го пријавила во социјалното и тој не се враќа веќе дома. Неговите родители го глеадле само еднаш во месецот, а следната година дознава дека и татко му починал. Ниеден ден вели тој не се чувствувал убаво, па затоа тој се обидел и да си го одземе животот. Тежок бил животот и на мајка му Снежана одалечена од нејзиното најмило, и само таа знае –ќе рече самата како поминала 13 години сама во четири ѕида без Здравко, негледајќи го како расте.

-Живеевме сиромашно со Здравко, бебето кое ми имаше еден месец и сопругот. Тој беше вработен во Железница, ама не земаше редовна плата. Некогаш немавме ниту за храна. Здравче го израснавме благодарение на млекото од кзоите што ни го испраќаше мојата мајка. А, кога ни се роди бебето, братчето на Здравко, свекрва ми ми забрани да се јавувам и бебето го изгубив. Ми почина од глад. Два дена потоа, Здравче го испратив со минибусче во автобусче и повеќе не го дочекав. Не му израдувам. Свекрва ми со службите во социјално договрила да го однесат таму.

Тој мал петгодишен, тропал по стаклото од колата и ден денес и на 26 години мисли дека некој ќе го земе и однесе некаде со кола. А, јас не знаев каде е син ми. При две деца останав без ниедно. Маж ми од жал почина следната година и јас веќе не знаев дали сум жива или мртва. Еднаш месечно го посетував Здравче во домот кој веќе беше лут на мене и не ме препознаваше, бегаше од мене. Јас не знаев како се враќав со возот за Велес. Ме освестуваа во воз луѓе од плачење што се онесвестував- додава Снежана за емисијата Срце на дланка.

-Јас се сеќавам дека ја чекав мама да ме земе од школо,а дојде баба ми и кажа на наставничката дека ќе ми купи патики и после само знам дека ме ставија во една црна кола, а, јас тропав по неа и барав да излезам. Потоа се најдов во Домот каде живеев до 18 години и каде се обидов два пати да си го одземам животот. Многу ми беше лошо и не сакам тоа што јас го поминав никој да го доживее. Не сакам со очи ад го видам Скопје зашто ме потсеќа на тој период кога бев одделен од родителите-започнува да раскажува Здравче.

Со навршување на полнолество, пред осум години Здравко се враќа во родната куќа во која тој ден за жал не се врати, но, првиот впечаток, а, и денес тој ќе рече не може да се навикне, се му туѓо и секоја ноќ има кошмари како некој го краде, го става во автомобил и го носи некаде далеку.

-И, денес не сум добро вели тој. Кога шетаме со мама низ чаршија се си мислам некој од некаде ќе дојде да ме украде и да ме стави во автомобил и некаде ќе ме носи. И навечер од тој страв не можам да спијам. Немам сила. Многу ми е тешко. Можев да раснам со родители, а, јас на мојот татко не се ни сеќавам. Кога одам на гробишта само него и на брат ми им палам свеќа, а на баба ми не, нема никогаш да и простам за тоа што ми го направи, додава Здравко.

Здравко и неговата мајка Снежана денес се заедно. Се навикнуваат еден на друг, онака како што тоа требаше да се случи пред многу години. За жал, живеат тешко и сега, со минимални средства од социјалната помош, невработени,а со многу желби за да го надокнадат она што некогаш за жал не по нивна волја им беше одземено.

-После многу години денес живееме заедно, но, тешко, сиромашно. Иако, му направив и матура, со минимални средства не сакав да го делам од другите. Но, не стасува. Се е скапо,а немам ниту за леб некогаш. Затоа, сега кога сме заедно, некој ако сака да ни помогне макар овој период да ни биде полесно да живееме- завршува Снежана.

Доколку сакате да помогнете на Здравко Петровски тоа може да го направите на нејзината лична трансакциска сметка 210501691855328 Нлб банка или на нејзиниот телефонски број 078290072