Мусевски: Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.

– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.

– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Сепак, и на Германците не им е лесно.

– Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.

Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.

– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.

– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.

Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот