Навивачите на Левски започнаа да собираат пари на стадионот – објавија кој им е планот

Навивачите на Левски не сакаат да го напуштат стадионот „Тоше Проески“ додека не се ослободат приврзаниците на „сините“ кои претходно денеска беа приведени.

„На 27.07.2023 година во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.

Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ гласеше соопштението од МВР вечерва.

Фановите на клубот од Бугарија решија да не седат само со скрстени раце, па така започнаа да собират пари, а немерата е јасна. Да се платат казните за приведените навивачи и да бидат пуштени