Најписмениот пастир – зборува пет јазика и бара жена која ќе живее со него во природа

Јосип Близнац од селото Бунар кај Добретиќ е веројатно единствениот овчар во БиХ кој зборува дури пет јазици.

Четири пати го напуштал родното место и заминал на привремена работа во Канада, Германија, Хрватска и Словенија.Покрај мајчиниот јазик, зборува англиски, германски, словенечки и шпански.

Тој одгледува кози и овци. Неговиот најголем проблем е што ниту една девојка, па ни жена, не сака да дојде во селото каде Јосип сега е единствениот жител.

„Барам жена, не девојка, туку жена, тоа е друга приказна од девојка, навистина ми треба жена“, вели овчарот.

Јосип има 50 години и би сакал да се ожени без разлика на националност и религија. Единствено што му е важно е тоа што сака да живее со него во „небесна природа“ и да дели добро и лошо.