На многумина им помогна, но никој не знае каква битка водела: Емотивната приказна на познатата водителка за борбата за потомство

Познатата водителка Тамара Грујиќ им помогна на многу семејства со емисијата „Со Тамара во акција“, но малкумина знаат каква битка водела надвор од камерите.

Имено, Тамара со години се обидувала да остане бремена, што и успеала на 42 години кога ја добила ќерката Лена.

– Мислам дека се што направивме јас и тимот, Господ на некој начин ми го врати. Начинот на кој останав во блажена состојба во овие години, како ја носев бременоста… Тие силни луѓе на кои им помогнавме и оние кои ни посакуваа добро, мислам дека на тој начин се враќа – истакна Тамара за „Ало“ .

Инаку, убавата водителка напорно работеше на својот проект, се додека не отиде во породилиште, иако на самиот почеток не и беше лесно во блажена состојба да истрча на теренот.

Како што открила своевремено, таа и нејзиниот сопруг планирале да одат на ин витро оплодување, но се случило изненадување кое засекогаш им го променило животот.

– Со Вук долго време сакавме да станеме родители, а откако почнавме да работиме на терен имав на ум дека еден ден ќе останам бремена. Затоа веднаш почнав да размислувам како тогаш ќе функционираме ние како тим.

Под претпоставка дека ќе биде за неколку месеци, бевме целосно опуштени. Токму во тој период Господ не погледна и јас сосема природно останав во друга состојба – изјави во една прилика за „Стори“, пренесува Курир.