Ненад добил на спортска 50.000 евра, но сите ја коментираат частевката што им ја дал на другарите

Ненад Ѓурѓан ве текот на акутелното светско првенство во фудбал успеа да добие на спортска огромни 50.000 евра, сума што не е за потценување.

Неговата приказна беше споделена на социјалните мрежи, но не во контекст на таа огромна победа. Имено, она што луѓето го коментираа е како тој ги почестил своите колеги.

Имено, еден од неговите колеги го издаде на Твитер и напиша дека колегите ги почестил само со појадок. Додека едни мислеа дека е недоволно, други беа на мислење дека не требало да ги почести со тоа.

– Колега доби 6.300.000 динари, тоа се некаде околу 50.000 евра. И замислете сите нас на смена не почести само бурек со јогурт. Да добро слушнавте, само бурек и јогурт! – напиша тој.

А луѓето долу во коментарите многу горко го коментираа ова: Па што? Зар требаше да ви купи стан, не ми е јасно, што претерувате?

Други пак коментираат дека Ненад е доста скржав и дека на толку голема пара требало барем да ги почасти еден пристоен ручек и една убава седенка.

Ги почести онолку колку што му одговара. Ама никогаш не им е доста, можеби да им дадеше на сите по 10.000 евра во еднакви делови, немаше да речат ништо, додава Никола.

– Мислам дека треба да им даде повеќе, на крајот на краиштата, има голема добивка и треба да ги почести. Чуден народ сме, кога некој добива нешто, заработува…секогаш мислиме дека имаме право на некој дел.

Оваа објава за Ненад навистина доведе до голема фа ма низ социјалните мрежи. Додека едни се на мислење дека требало да се однесува „малку подобро“ со нив, други застануваат во негова одбрана.

-Кога би ги удостоил сите што треба по наши стандарди, од роднини, пријатели, колеги, соседи итн. тогаш немаше да му остане ни за тој бурек и јогурт, се вели меѓу другите коментари.