Никола Груевски: Наликува како времето да е застанато во Македонија

Поранешниот премиер Никола Груевски како и обично се огласи на Фејсбук каде напиша: УБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ – Хибернирана држава

Во изборната кампања во 2016 година предвидовме еден проект кој во Европа оддамна е во функција. Живеам во земја каде бројот на електрични автомобили веќе со години секојдневно рапидно расте и речиси нема посериозно загадување на воздухот во зима, дури и во центарот на главниот град.

Се разбира, тоа не е резултат само на електричните автомобили кои сеуште не се доминантни, но тоа сигурно е нешто што допринесува. Верувам дека целосната гасифицираност уште од советскиот период е најголемиот фактор, но и издувните гасови од автомобилите не се за занемарување.

Сопствениците на овие автомобили имаат повеќе видови привилегии од кои едно е бесплатно паркирање на јавните паркинзи, но има и други предвидени привилегии. Сега нивниот број толку многу е нараснат што некои функционери веќе предлагаат дека е време да се укине тоа бесплатно паркирање и слично, но сепак сеуште не е укинато.

Се потсетив дека ние понудивме во програмата на изборите во 2016 година (пишувана есента 2015 година) ист таков проект кој веројатно бидејки беше понуден од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не го спроведе, а низ Европа е масовен. Или којзнае, можеби од неспособност и незаинтересираност реално да направат нешто.

Препрочитувајки што сме понудиле, се уверив дека сме понудиле мкогу повеќе привилегии од истото во повеќе други земји.

Осум години подоцна, без никаква промена би го ставил потписот зад истото и повторно би го понудил. Наликува како времето да е застанато во Македонија, да не речам како да оди назад, па што и добро да си предложил некогаш можеш и денес да го предложиш, бидејќи мала е веројатноста дека во меѓувреме некој друг се погрижил за тоа.

Единствено заради големата инфлација и раст на цените што се случи во меѓувреме, субвенциите и сите парични износи кои тогаш биле предвидени бараат ценовно прилагодување. Покрај ова би додал и дека привелегиите како бесплатниот паркинг и некаква субвенција можеби и помала од електричните би предвидел и за хибридните возила.

Еве што сме подготвиле и понудиле пред околу 8 години кога во јануари 2016 година програмата беше спремна, бидејќи првичниот план беше изборите да се одржат го април 2016 година.

Во насока на намалување на штетните издувни гасови од возилата со бензински и дизел мотори, како и за намалување на бучавата во урбаните средини, ќе се стимулира набавката на возила кои се на електричен погон и имаат нулта емисија на гасови.

Со проектот се предвидува субвенционирање на физички и правни лица кои ќе набават електрични автомобили, при што за правните лица ќе се субвенционираат најмногу до 5 возила. Исто така, предвидени се и субвенции за физичките лица кои за првпат ќе инсталираат плински систем во автомобилот. Активностите кои се предвидуваат со проектот се однесуваат на:

>намалување на цената на електричните автомобили преку ослободување од царина и дополнителна акциза при увоз;
>намалување на цената на електричните автомобили преку намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5%;

>субвенционирање во износ од 3.500 евра (денес по зголемената инфлација би било 5.000 евра) за купување на електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра и субвенција 5.000 евра (денес би било 7.000 евра) за електрично возило чија цена е над 25.000 евра (би требало нова ценовна анализа за овој износ); > намалување на патните трошоци за граѓаните кои користат електричен автомобил, преку ослободување од плаќање на патарина на сите патишта низ Македонија во период од 10 години, односно до 2027 година;

> обезбедено бесплатно паркирање на сите јавни и државни паркинг простори (зонски паркинг, катна гаража, обичен и подземен паркинг) во рок од 10 години, односно до 2027 година;
>бесплатна годишната регистрација на електричните возила, во делот за надоместокот за патишта ќе биде бесплатна во наредните 10 години, што на годишно ниво е заштеда од 2.500-3.000 денари (или повеќе ако цените се поскапени во меѓувреме во Македнија).

> обезбедено бесплатно паркирање на сите јавни и државни паркинг простори (зонски паркинг, катна гаража, обичен и подземен паркинг) во рок од 10 години, односно до 2027 година; > изградба на потребната инфраструктура преку задолжително вградување на полначи на паркинзите и бензинските пумпи, и тоа:

>Во 2017 година, изградба на нови полначи покрај постоечките во Скопје, како и најмалку еден брз и два бавни полначи на поголемите јавни паркиралишта во Битола, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Радовиш и Крива Паланка. Исто така , на паркинзите на хотелите со 4 и 5 ѕвезди да се обезбедат по најмалку два (најмалку 4) бавни полначи; >законска обврска за обезбедување бавен полнач и два брзи полначи за 5% од бројот на паркинг места на паркинзите.

> законска обврска за обезбедување брзи полначи: 1/ во 2017 година најмалку 1 брз полнач на секоја бензинска пумпа и на автопат и главен пат, а во 2018 година најмалку 2 брзи полначи; 2/ Во 2019 година најмалку 1 брз полнач на сите бензински пумпи на регионалните патишта, а во 2020 година најмалку 1 брз полнач на сите патни бензински пумпи

Ќе се доделуваат ваучери од 300 евра (денес веројатно околу 420 евра) за набавка на плински уред за автомобили со ЕУРО 0, 1, 2 и 3 стандард кои ќе се распределат на јавен повик секоја година. Придобивките од спроведување на оваа мерка се однесуваат на помали трошоци за гориво, како и намалување на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот, продолжен век на моторот, пониски трошоци за сервисирање, зголемување на изминатиот пат со едно полнење на резервоарот и други. Проектот ќе започне со реализација од 2017 година од страна на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Во меѓувреме повеќето влади во ЕУ превзедоа вакви или мерки од сличен тип, но Македонија како да е хибернирана во некое минатото време, и нема никаков напредок, идеи за подобрување на животот на граѓаните, проекти и нивна реализација.