Нијас кој питачи во Автокоманда: Ме плукате дека сум просјак, но ве молам понудете ми работа

Нијас Катаноски, момчето кое сигурно вака на име и презиме нема да го препознате иако многумина од вас го имате сретнато.

Тоа е човекот кој питачи долги години на семафорите кај Автокоманда, а вечерва преку социјалните мрежи побара помош:

Споделеувајте го постов ве молам. Jас на ладново просам по колите никој нете прашува дали имаш или немаш.

Маката ќе те натера на ваков мизерен живот на 30 год да бараш милостина по лугето. Но за жал никој не ти помага и никој не ти верува само те плукаат дека си просјак и дека полесно ми било вака.

Тоа е животот, ако сака некој да ме вработи нека ми пиши во порака