Нови неповолни вести за патниците од Германија до Македонија: Познато кои летови се откажани

И денешниот ден во Македонија ни носи нови проблеми со авиосообраќајот.

Имено и денеска се откажуваат полетувања и слетувања од скопскиот аеродром.

Авионите кои треба да заминат за Истанбул со Туркиш ерлајнс денеска нема да го напуштат аеродромот во Скопје.

Проблеми има и за патниците кои треба за слетаат во земјава.

Според податоците од интернет страната на скопскиот аеродром, во моментов откажани се летовите од Фридрихшајн и Дортмунд со Виз ер како и два лета од Истанбул со Туркиш ерајнс.

Според информациите од охридскиот аеродром, засега нема најави за откажани летови.