Овој бездомник целата своја заштеда ја дал за настраданите во Турција

Нетко Синановиќ од Бар во Црна Гора пред неколку години бил во многу тешка ситуација, спиел по улици и јадел од контејнери.

Денес ситуацијата му е малку подобра, повотрно се соочува со многу проблеми, но неговата душа е многу богата и има широко срце.

Многу тешко му паднало кога дознал за случувањата во Турција и Сирија. Не размислуваше долго на што ќе ги потроши своите скромно и тешко заработени пари.

Летово заработил 300 евра од одржување на хигиената на просториите и отстранување отпад, од кои ги купил најосновните работи: перници, ќебиња, постелнина, крпи, јоргани…

„Кога видов дека луѓето ги немаат најосновните работи, тогаш помислив, подобро да ги потрошам тие пари за да им помогнам на тие луѓе, бидејќи и јас се бев во таква состојба“, изјави Синановиќ за ,,РТЦГ”

Кога во 1992 година дошол во Бар како осумгодишно момче, долго време живеел како бездомник. Благодарение на помошта на невладините, тој во 2013 добил помош од властите и денес живее со 75 евра социјална помош.

„Барем се снаоѓам некако, нешто од пријатели, работам малку кога има работа, кога нема работа, некогаш немам евро во мојот џеб два, вели Синановиќ.

„И ќе го направам пак хумано дело, додека сум жив, ќе правам се додека можам, исто како што го направив сега. И најмала помош за овие луѓе значи многу, а чувството кога ќе помогнеш некому е неописливо.

,, Јас сум горе долу во слична ситуација, сега е многу подобро, но на овие луѓе сега навистина им треба голема помош, додава тој.