Огнен Јанески: Значи каква Приказна од ЕУ ви спремам за некој месец, в несвест да падне човек

Новинарот Огнен Јанески се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

-Значи каква Приказна од ЕУ ви спремам за некој месец, в несвест да падне човек!

Ова што го просведочив денеска, додека снимав во стариот град на Вишња Гора, во општината Иванчна Горица, во Словенија е неверојатна симбиоза на одржлив туризам во мало место, со образовна и музејска дејност, со капсулен хостел, со ресторан, но и апи-лабораторија за научни истражувања и иновации, а сѐ посветено на крањската пчела, која дури и со закон е заштитена во Словенија, како посебен вид. НЕВЕРОЈАТНО! Сето тоа со добро организирано и осмислено управување со фондовите на ЕУ.

Голема благодарност до македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски за воспоставувањето контакт со нив и за пружената помош при тукашните истражувања.

Благодарам и до тимот во Hiša kranjske čebele – ApiLab – Маја, Нејц, Ива, Полана, Маја и другите кои најсрдечно ми посветија нелолку часа.

А само што почнав со истражувањата за следните месеци низ Балканот. Ако вака тргна – очекувам уште повеќе возбуди.