Одмото на семејството Гижаровски во Грција се претвори во хорор: Им го украле автомобилот од местото кое го посетуват многу Македонци

Дефинитивно Грција и туризмот оваа година го покажаа и она спротивното, неубаво лице, а секојдневните сведоштва говорат за тоа.

Имено Јелена Пејчиќ Гижаровски на фејсбук сподели едно мошне непријатно искуство за кое вели:

„Сакам да ги предупредам луѓето да не ги оставаат своите автомобили во Солун кај продавницата Џамбо во близина на автопатот и Лидл без надзор.

Ни го украдоа автомобилот со сите работи во вторникот на паркингот кај продавницата Џамбо. Се јавивме во полиција и пријавивме, дојдоа но се уште нема информации, се јавивме и во амбасада и конзулат, пријавивме но не можеа да помогнат.

Среќа што ги имавме нашите пасоши со нас. Во Србија дојдовме со комбе превоз жив и здрав што го најдовме на интернет.

Децата беа со нас. Се извинувам за должината на пораката, но мислам дека треба да бидете информирани.“

Според напишаната локација, тоа е место кое го посетуваат голем број Македонци, пред се оние кои транзитираат, па застануваат на краток одмор или шопинг.