Падна Драган Даравелски – по долги години конечно оди зад решетки

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осу ден во отсуство на 7 години з атвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 година беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фал сификување службена исправа.

Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Со истата пресуда судот одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари.

Канал 5 телевизија од анонимен извор добила дојава дека денес се очекувал влез на осудениот во отсуство Драган Даравелски на граничниот премин со Србија и дека наскоро треба да биде однесен во Идризово.

Како дојде до ова апсење на Даравелски, и дали самото негово влегување во Македонија е дел од организирана акција, од МВР кратко за Канал 5 телевизија изјавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.