Падна одлука: Беким Незири доби притвор, ама пак нема да оди зад решетки

Беким Незири и останатите тројца осомничени за упадот во М-НАВ, кога според пријавата, беа нападнати тројца врабнотени во оваа инситуција одат во куќен притвор.

Ваква одлука доцна попладнево донесе Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје откако јавниот обвинител поднесе жалби на решенијата на судиите од претходна постапка кои на осомничените им определија мерки за претпазливост.

-Советот ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: Жалбите на Јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот.

Надзорот над куќниот притвор, согласно решенијата е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата, соопшти Судот.