Познатиот македонски доктор порача: Пред нас е еден голем бран на ковид

Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил излезе со предупредување, но и информација за сите граѓани:

Пред нас е еден голем бран на ковид, со силен потенцијал за огромен број случаи во кратко време заради способноста да се заобиколи имунитетот, што видовме што значи за земја како нашата пред се социо-економски.

Во номенклатура, клучни мутации и т.н. на актуелниот сој нема да навлегувам за да намалам од лудаци во коментари.

Малоумните нема ни да пробаат да ме разберат, па ќе потенцирам дека не зборуваме за смрт, но се работи за сериозна и непредвидлива болест која е се само не грип, и за ранливи категприи може да биде пресудно.

Паметните ќе се подготват, особено зборувам за бизнисот.Апелирам државата соодветно и пред се навремено да изреагира со заштитни мерки но без небулози.

Мој личен став е дека најголем ефект и клучна карика е наше цивилизирано однесување со суштинскиот момент, болните да седат дома и да ги заштитат здравите, и второ: да се овозможи непречено тестирање.

Вакцини нема, лек кој прави разлика постои ама го немаме во моментов. N.B. ве молам да не ме споделуваат портали , ве молам ова е за паметен народ и за некој што го интересира