Познати детали: Објавено дали „конвојот на смртта“ поминал низ Македонија

Како што е познато за жал дојде до голема трагедија во очи дуелот поеѓу АЕК Атина и Динамо Загреб, откако синоќа беше убиен еден 22-годишен навивач на домаќините, а друг малолетен фан е во критична состојба.

Токму поради нередите кои ги направија ненајавените гостински навивачи мечот е одложен официјално.

Хрватските навивачи во Атина пристигнале со возила, и тоа преку Албанија, а избегнале да поминат низ Македонија. Со тоа што патувале преку Албанија, не делувале сомнително дека се навивачи кои патуваат во Атина, туку се претставиле како туристи.

Прито без проблем биле пуштени на грчката граница, иако имаше забрана за патување на гостински навивачи.

Повеќе од 150 хрватски навивачи со автомобили и комбиња пристигнале во Атина, а тогаш биле забележани од полицијата, но тогаш најверојатно по добро разработен план, се разделиле низ повеќе улици.

Според пишувањата во Грција, на хрватските навивачи им се приклучила и група навивачи на Панатинаикос, кои имаат добар однос со Бед Блу Бојси.

Откако биле добро групирани, започнал хаосот, а малубројните фанови на АЕК кои биле во локалните кафетерии биле фатени неспремни. Полицијата има уапсено речиси 100-мина навивачи од двете страни.