Познат идентитето на новиот упасен за упадот во М-Нав: Сакал да бега на Косово, фатен на граница

Лабинот Ќерими, кој е еден од осомничените за упадот во контролата на летање, денеска е фатен на граничниот премин Блаце кон Косово. Според извори на Телма, Ќерими додека бил вработен во М-НАВ, истовремено во рок од неколку месеци печалел и во странство, па кога го фатиле сам си дал отказ во македонски навигации.

Тој е дел од групата на 4 лица кој избега по инцидентот на 4 ти јануари. По него беше распишана централна потерница. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување притвор за Ќерими.

Полицијата трага по останатите тројца. Обвинителството ја поздрави акцијата на МВР за пронаоѓање на ова лице, но реагира за одлуката на Кривичниот суд, кој не го прифати барањето за затворски притвор на четворицата осомничени кои се достапни за органите на прогон.

Оттаму додаваат и дека и покрај тоа што судот навел дека странките имаат право на жалба во рок од 24 часа од приемот на решенијата сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.