Познат македонски угостител бара да има задолжителен бакшиш за келнерите: Тоа е одлична мерка која треба да се вметне

Во подкастот со Лазаров гостин беше Перица Голомеиќ – сопственик на групацијата Рагуза кој отворено зборуваше и даде предлог во врска со предложената мерка за задолжителен бакшиш во угостителството.

– Задолжителен бакшиш – тоа е одлична мерка којашто треба да се вметне во угостителството. Пример келнерот ќе зима 25.000 денари плата меѓутоа ќе зема плус 5% , 7%, а во Америка и до 15% може да си одбереш – од 5% до 15%.

Му оставаш колку си задоволен. Едноставно, секогаш ќе биде мотивиран да ти даде подобар сервис. Тоа се вика да ги воспиташ луѓето. Значи, ти ќе мораш да оставиш или 5% или 15% . Значи 5% ти се задолжителни, не можеш да му оставиш 0%.

Законски 5% ти ги зема, но ќе се труди ти да му оставиш 15%. И државата ќе биде многу повеќе во плус поради тоа што секоја сметка ќе мора да биде фискална.

Доаѓа 1.000 денари сметка, келнерот има 50че од илјадарката, 1050 може да му ставиш, 50 за него. Може да му оставиш 1150, он знае на крај на месец тоа се гледа како ставка излегува во самата фискална сметка колку е типсот за него.

На тој типс законски тој си плаќа на Управа за јавни приходи – значи државата ќе си зима персонален данок од бакшишот т.е. се оданочува бакшишот.

И се прави пресметка, на пример ако тој земал 1.000 денари дневно бакшиш, 100 оди за државата, 900 денари си одат кај него на сметка и неговата дневница денеска е уште 800 денари и денеска земал 1.700 денари, објаснува Перица.