Покрената петиција за одземање на бугарските пасоши на Македонци

Пред некој ден започна онлајн петиција, за одземање на бугарското државјанство односно бугарските пасоши на некои македонски државјани.

Ваква иницијатива започна од социјалната група ,,Бугари од Македонија, кој бараат да се одземат пасошите на неколку македонци.

Како што е наведено во петицијата, групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата,

Со цел да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Македонија, кои денес ширеле ом раза кон Република Бугарија.

Петицијата веќе има стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.

-Ова е прашање за Реферндум, пишуваат голем број на Бугари кои се членови во групата ,,Бугари од Македонија”, а чести се и коментарите да се објават имињата на Македонци кои со бугарски пасоши живеат во ЕУ.

-Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот! – е еден од коментарите на темава.

Покрај тоа што петицијата за доста кратко време собра доста потписи, исто така има и многу споделувања на социјалните мрежи.