Почина сопственикот на едни од најпознатите и најубави туристички комплекси во Македонија

Поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски се огласи на фејсбук и сподели тажна вест во која вели:

-Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.

Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!

Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!

Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.

Почивај во мир Славе