Пристигна објаснување зошто многу Македонци се одбиени за бугарски пасош – причината е трагикомична

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола Весна Котевска спроведувала интервјуа со кандидати за бугарско државјанство, а поради тоа многу барања биле одбиени, откри бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од партијата Преродба.

Тврдењето на пратеникот било повод случајот да го испита вицепремиерката Марија Габриел, пишува Њуз.бг. Георгиев за случајот постави пратеничко прашање во бугарскиот парламентдо Габриел.

Министерката, која истовремено е и вицепремиерка, му одговори дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. Но, таа негираше дека чистачката вршела интервјуа за бугарско државјанство.

-Ваквите пропусти се недозволиви, кажа Габриел.

Таа додаде дека 2.719 досиеја се вратени на докомплетирање во конзулатот во Битола поради сериозни нарушување во процесот за добивање бугарско државјанство.

Вицепремиерката Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба и рекла дека хигиеничарката повеќе нема пристап до архивата и до конзуларното претставништво.

– Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви, изјавила Габриел.