Пронајдено 13-годишното девојче кое беше исчезнато – потврдија од МВР

Како што е познато Македонија деновиве ја погодија исчезнување на две малолетни девојчиња.

Освен 14 годишната Вања од Скопје се трагаше за уште едно девојче, но од Кочани.

На 01.12.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, З.Н.(32) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(13).

Денес пристигна вест дека 13 годишното исчезнато девојче од Кочани e пронајдено, објави утрово Телевизија Стар повикувајќи се на информации од СВР Штип.

– На (02.12.2023) во 21.30 часот во Полициската станица Кочани З.Н.(32) од Кочани пријавила дека нејзината малолетна ќерка Б.Н.(13) која на 01.12.2023 беше пријавена дека се оддалечила од домот е пронајдена во Кочани од oд страна на нејзиниот татко, известуваат од СВР Штип, пренесува TV Star.