Професорот Трајковски: Новиот закон за двојазични декларации е непотребен, бескорисен и штeтeн

Битолскиот професор Дејан Трајковски на својот фејсбук профил реши да напише:

Етикетите и декларациите на производите можат да бидат повеќејазични, но на доброволна основа, врз основа на реална потреба. На пример, ако Бимилк продава млеко во Тетово или го извезува во Албанија, логично е на етикетата да има и албански натпис.

Се разбира, можат да се додадат и натписи на повеќе јазици, доколку за тоа има потреба.

Кога јас би продавал некаков производ во северозападна Македонија, веројатно и самиот доброволно би ставил таков натпис, со цел да привлечам тамошни купувачи.

Сепак, не би требало никој со закон да нé принудува на двојазичност, затоа што на тој начин само се предизвикуваат непотребни трошоци, револт и отпор.

Сметам дека најновиот закон за задолжителни двојазични декларации е непотребен, бескорисен и штетен.

Единствена корист од него ќе има политичката партија Д У И, која тоа ќе го прикаже како некаква своја политичка победа, иако во реалноста – како што реков – такви етикети веќе печателе тие коишто имале вистинска потреба од тоа.