Раим од Пласница е татко кој не ја губи надежта за своето чедо: Нема да запрам се дури ќерка ми не прооди

Душа со душа се поврзува и се раѓа чисто, ново битие. Кое не бира ниту ден, ниту час за негово создание. И, кој сум јас ќе рече Раим да му ја земам душата на тоа суштество, ако Бог одлучил тоа да се роди.

На денес осум годишната Нил уште во утробата на мајка си и било откриено дека ќе биде поразлична од другите деца. Сепак, уште тогаш Раим можеби ќе го одбере потешкиот пат, но, ќе докаже дека нема да оди против волјата на Господ.

Се раѓа Нил. За жал со дијагноза која веднаш ќе ја однесе во опер ациона сала. И, до денес нема да и дозволи да прооди како своите братчиња.

Таква е судбината на овој не среќен татко кој како дете сиромашно живеел во село Пласница. Откако создава семејство, сложните селани консолидирано му градат нова куќа во Преглово. За жал, во таа куќа ова семејство не може да биде среќно.

Зашто жалат што и Нил не може да има безгрижно детство како останатите деца. А, Раим е единствениот што носи минимален приход дома и кој е доволен само за да го прехрани семејството. Пред камерите на Срце на дланка ја раскажа својата приказна.

А, за терапии, третмани и опе рации во странство е принуден да се обрати до јавноста за да и помогне на својата ќерка. И, ќе рече: „Нема да се смирам додека не ја видам ќерка ми на нозе„!

Раим Насуфоски е роден во Пласница, Македонски Брод. Живеел тешко и како дете, во стара куќа. Татко му поч инал пред неколку години, и бил немоќен сам да изгради нов дом бидејќи стариот му се зака нувал на целото семејство. Затоа, селаните сложно еден ден прават нови куќи и за него и за братот на Раим.

– Вработен сум во Македонија Пат,ова е четврта година, 18.000 плата. Од нив јадење, пат, од тие 18 мене ми се 15 чисти. Со овие 15 илјади до пола месец се тера, а остатокот земам заем пари, објаснува Раим.

Дека ѕидовите не ја носат среќата во домот докажува случајот на Раим. И, покрај тоа што има каде да живее и е вработен за да го гледа семејството, сепак, друга бол ка му го рас парува срцето.

Болеста на Нил. Во седмиот месец од бременоста на неговата сопруга и било кажано дека детето ќе има пречки во развојот и нема да може да се движи. Но, сигурни во волјата на Бог Раим и сопругата одлучуваат:„Ако Бог одлучил да се роди ова дете, кои сме ние да му ја земаме душата!

– Мене најголемата ма ка ми е да и помогнам на ќерката, ама толку ми е силата. Да појдам Турција, ако нема лек таму или во други држави е тогаш ќе се помирам.

Само да се нафатат, последен денар да е не жалам за неа. Од тие пари собрани за нејзе не сакам ни една игла да купам намештај за куќата, само за неа.

И ако не биде во Турција ќе продолжам понатаму. , вели Раим. Малата Нил беше искрена во своите желби и рече дека сака да си игра со другачињата и сака како нив да оди.

Раим верува во чуд а. Верува и дека чу да се случуваат на храбрите луѓе.Похрабра од Нил нема да се роди –ќе рече тој, зашто таа сето ова го издржува јуначки и како бор ец.

Душата ми се кине додадава Раим, што ја гледа закована за кревет, и ќе заврши: „Нема да се смирам додека не соберам средства и не ја однесам во Турција за да ја оперираат, а, потоа и да ум рам нема да жалам!

Еден ден кога ќе почнеме да размислуваме за својот мир, ќе престане нашата потрага по среќата. И, што се мора да направиме за да се случи тоа што посакуваме.

Тогаш разбираме дека нечија присутност во нашиот живот е голема работа. Ако е со многу емоции и искреност. А, потоа и чу да може да се случат. Зашто на крајот секогаш ќе биде она што мора да биде! Затоа главата горе и само напред!