Сака да биде кандидат за претседател на Македонија, а нема ниту еден потпис – ниту неговите дома не му се потпишале

Како што е познато 11 кандидати ја започнаа трката за да дојдат до по 10.000 потпис со кои може да се кандидираат за претседател на Македонија.

Според Државната изборна комисија, заклучно со вчерашниот ден, 14.360 граѓани биле да се потпишат за кандидатите.

Бујар Османи од ДУИ собра најмногу потписи има 5.405 потписи, а пак, втор налистата е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 3.613 потписи. Трета е Билјана Ванковска, кандидат на Левица со 2758.

Но интересно е што Томе Николоски кој исто така собира потписи нема ниту еден, што значи дека ниту неговите дома не му ја дале поддршката, барем засега.