Самохраната мјака Лејла од Велес имала се, па го допрела дното: Сакам само да најдам работа и стан, на 60 места поднесов, но ништо

Понекогаш животот не се одвива како што посакуваме и мечтаеме. Иако, секојдневно се будиме со желба да бидеме подобри и поуспешни од вчерашниот ден, со желба да бидеме посреќни утре и похрабри од вчера. Силна, храбра и самоуверена жена е и Лејла Баккал која потекнува од Велес, а, поголемиот дел од животот го минува во Турција.

Можеби причината поради која се распаѓа нејзиното семејство и таа мора да биде израсната од баба и дедо е болеста на мајка и, која и денес како што вели Лејла, живее во свој свет.

Кога ќе стане полнолетна заминува кај татко и во Турција, каде станува силна и финансиски самостојна жена. Со купен стан и автомобил и отворена сопствена фирма. Се до моментот како што ќе каже Лејла, запознавањето на таткото на Есилја кој не знаејќи дека има полициско досие ќе ја повлече на дното.

Поради долгови од него ќе го изгуби и станот и автомобилот, а, една година и половина откако тој ќе замине во затвор, таа самохрано живее од милостината на соседите во Турција. Една пелена раскажува Лејла ја употребувала и по три дена. Ако не и донеле храна хуманите соседи со денови гладувале со ќерката.

Тоа ќе ја принуди лани да се врати во родниот Велес, и со парите собрани од страна на нејзините сестри да издржи под кирија се до пред извесно време.

Во меѓувреме не се снашла со вработување и повеќе нема каде да живее со малата. А, таа преслатката тригодишна Есилја од постојаните преселби и лош живот постојано се разболува. Некогаш јас помагав на беспомошните, а, денес јас барам помош за мене и ќерка ми-кажува оваа повредена мајка пред камерите на Срце на дланка.

Иако, ослабната и физички и психички, Лејла живее и се бори за своето дете и замолува да се вработи, да најде дом за неа и ќерката зашто така би се смирила и би била најсреќна.

Лејла е родена во Велес, и немала среќа да расне во семејство од мајка и татко, зашто мајка и се разболува хронично, па, татко и се преженува во Турција. Таа, откако завршува образование, заминува кај татко и, каде продолжува да се бори за поубав живот.

Успева да купи стан и автомобил, да се вработи во фирма за бела техника, па да отвори и сопствен бизинис. Но, тоа ќе трае се до моментот кога го запознава таткото на нејзиното дете, кој како што тврди Лејла бил криминалец и ќе ја дотурка до дното. Сама ја минува бременоста, сама го раѓа детето, а и подоцна сама ќе се бори за да преживеат со Есилја.

-Ме пораснаа баба ми и дедо ми од мајка во Велес. За жал, мајка ми млада се разболе од психичка болест и татко ми се прежени во Турција. Откако пораснав и јас започнав таму да живеам. Имав се, и работа и стан и автомобил. Ама, за жал немав среќа да го задржам тоа бидејќи се запознав со погрешна личност за мене- ќе започне Лејла за Срце на дланка.

Таа вели дека кога била бремена во 4 месец од дома дошле да го земат од полиција и оттогаш е сама. Не знаела дека има дебело досие и дека ќе ја задолжи и донесе на дно. За краток период останува и без стан и без пари, со бебе кое морала да го расте сама.

-По три дена користев една пелена, ја перев и повторно и ја ставав. Немавме храна. Да не беа соседите ќе умревме за јадење. Моравме да се вратиме во Велес, каде бев една година под кирија со пари кои сестрите ми ги дадоа- раскажува таа.

Сама и без поддршка Лејла нема да издржи долго во Турција, па, сестрите и помагаат да се врати во Велес и и платиле една година кирија. Таа мислела дека во меѓувреме ќе се вработи и ќе го запише детето во градинка, но, иако аплицирала во 60 фирми од никаде н добива потврден одговор.

Тоа уште повеќе ја спушта на дното и лани во август оди со малата како азилант во Германија. Но, и таму условите биле лоши, а откако било загрозено здрвјето на Есилја, таа се враќа назад во Велес и завршува на улица. Во моментов живее кај едната сестра каде условите исто се тешки.

И, како и секоја мајка што храбро се бори за среќата на детето, така и Лејла замолува само да најде вработување за да може да плаќа градинка, кирија и да купува храна за неа и детето.

-Мислев во меѓувреме ќе се вработам и ќе живеам полесно, но, иако аплицирав на над 60 места, ниту еден не ми се јави не ме побара. Лани бев азилант со Есијла во Германија, но, таа се разболе и морав да се вратам назад. Од станот под кирија ме исфрлија и пак дојдов кај сестра ми, а и тука се многу луѓе и нема услови за живот. Не знам као ќе терам понатака- додава оваа тажна мајка. Сакам само да најдам работа, стан и да почнам мирен живот со мојата ќерка-завршува Лејла.

Доколку сакате да помогнете на Лејла Баккал тоа може да го сторите на нејзниот телефонски број 072520982 или на нејзината трансакциска сметка 250-5000252720-78 Шпаркасе банка.