Самсоненко ја доби битката за Офицерскиот дом и хотелот на плоштадот со помош и на бугарско-швајцарска фирма на Камчев

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ја загуби правната битка за кривична одговорност на некогашните соработници Ратко Капушевски и Миле Младеновски, кои ги обвинуваше дека се дел од злосторничко здружување што сака да му го земе хотелот на скопскиот плоштад, пишува „Фокус“.

Самсоненко ја доби битката за Офицерскиот дом и хотелот на плоштадот со помош и на бугарско-швајцарска фирма на Камчев

Сепак, Самсоненко успеа да ја спаси фирмата од стечај и подоцна да издејствува пролонгирање на рокот за изведба на објектите.

Непосредно пред да падне во стечај, неговата „СИС инвест груп“ премина во доминантна сопственост на „Камил“, компанија со седиште во Бугарија, во сопственост на друштво од швајцарски Лугано, чиј краен сопственик е Орце Камчев.

„Фокус“ обезбеди обемна документација, која открива како компанијата ја менувала сопственоста, како ја зголемувала главнината, како падна во стечај и како повторно дојде во позиција за да ги комплетира атрактивните градби.