Северина се бори со сериозна бактерија – поради лошата здравствена состојба ги откажа и настапите

Хрватската пејачка Северина во петокот откри дека и било лошо на роденденска забава поради што претходно откажала неколку настапи.

Имено, Севе во петокот била на роденденската забава на својата пријателка, објавила селфи и открила дека боледува од сериозна бактерија.

– Стрептокока и јас – напиша таа и додаде: Синоќа го прославивме роденденот на нашата драга пријателка и најжешката модна икона. Траеше кратко затоа што имам стрептокока, но уживавме како никогаш досега – напиша таа во описот на објавата.

Како што дознава Стори, Северина веќе неколку дена и е болна, а поради стрептокока откажала дел од закажаните настапи минатата недела.

Таа денеска го слави својот 52 роденден кој ќе го помине со своите најблиски.