Се огласи Д-р Маја Иванова од Онкологија и упати една молба: Моментално сум згрозена

Во Македонија машинерија што може да те издигне или да те спушти е новинарството кое за жал не ретко во голем процент изнесува непроверени и неточни информации.

Како вработен доктор на клиниката за Онкологија и Радиотерапија, најостро го осудувам секој обид за кражба на скапи лекови, секое нестручно и несовесно однесување со пациентите во ова установа. Но исто така моментално сум згрозена и од реакциите на пошироката јавност во однос на коментирање на актуелната ситуација на УКРО (која сеуште не е проверена во целост).

Ги замолувам сите новинарски редакции за престанување на генерализирање на медицинскиот персонал на УКРО , бидејќи тврдам дека поголем процент од истиот целосно, стручно и посветено ја извршуваат својата дејност во установава.

Ја замолувам исто така и пошироката јавност од воздржување од несоодветни коментари полни со омраза и фрустрации насочени кон медицинскиот персонал.

Довербата пациент- доктор е клучна за добар исход во процесот на лекување, а со општото ставање на сите лекари “во ист кош” истата се нарушува на обострана сметка.Затоа прво, бидете сигурни па коментирајте.

Од друга страна има толку убави добро завршени приказни на онкологија, се чудам зошто барем некоја од нив не се сподели, да се увиди тежината на работата на медицинскиот персонал овде или да се крене каменот е најлесно?!