Се упокои Драги Шпага на млади години – познато што беше кобно по него

Првиот македонски победник на едно ријалити-шоу Драги Христов познат како „Шпага“ почина на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување. Драги бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.

Според информациите кои ги објавуваат медиумите, кај него претходно бил откриен рак на белите дробови.

Христов едвај го преживеа претходното заболување од Ковид-19, кога беше објавено дека 20 часа бил во кома.

Инаку, тој беше првиот победник на македонското ријалити „Тоа сум јас“ на МРТВ, во слична продукција како „Големиот брат“.

Драги – „Шпага“ беше победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил.

Беше препознатлив по периките кои ги носеше, а исто така беше и првиот македонски порно актер, откако беше дел од филм за возрасни, во продукција на македонски секс-шоп.