Се упокои најпознатиот Германец кој живееше на сметка на државата и велеше глупав е оној кој работи

Арно Дибел живеел со децении на државна сметка, велел дека секој што работи е глуп. Го нарекуваа најдрскиот невработен Германец и тоа му донесе слава

Арно Дибел, човекот кој беше познат како „најпознатиот невработен човек“, почина во Германија на 68-годишна возраст, пренесува магазинот „Феникс“.

Дибел починал во болница во Хамбург пред две недели, јавуваат германските медиуми.

Речиси 50 години живеел без платена работа и на сметка на државната помош. Тој го прослави својот начин на живот, па рече и дека во 1976 година го прекинал образованието и дека канцеларијата за социјална помош му ја плаќа киријата за стан и други трошоци.

Пред 20 години се прослави со изјавата „Сите што работат се глупави“, а често гостуваше и во германски ток-шоуа.

Во 2010 година Дибел ја сними песната „Der Klugere kippt nach“ (Попаметните се откажуваат) и една година подоцна песната „I’m nice“ со која сакаше да заработи, а целта му беше да стане ТВ ѕвезда.

Билд пишува дека неговата песна влегла во „Топ 100“, но не остварила значителен приход.Минатата година дури изјави дека конечно ќе почне да работи.