Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу пладне по наше време во централна Грција.

Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Ливадеа, а тресењето на земјата е почувствувано и во реонот на Атина.

„Кратко, но силно“, сведочат Грците во ЕМСЦ, а друг пак вели „Се заниша на 2-ри кат“.

Засега не се знае дали има материјална штета, а надлежните дополнително ќе излезат со повеќе детали.