Синот на Есма: Знам дека сте лути ти и Стево, но не сум моќен да го исполнам вашиот аманет

Симеон Атанасов, еден од синовите на Есма Реџепова се огласи на својот фејсбук профи каде напиша

-Многумина велат те познавале! Јас ќе кажам ми беше вистинска мајка, иако небиолошка, но ми пружи искрена мајчинска љубов. Жалам што никогаш не добив одговор!

Зошто не ми го даде твоето презиме? За денес да ги немам овие проблеми, за да ја исполнам твојата желба!

Се надевам дека твојата душа ке се успокои еден ден … Знам дека сте лути ти и Стево, но не сум моќен да го исполнам вашиот аманет. Почивај во мир мајко моја!