Славчо и Рената од Скопје на свои 50 години го добиле своето прво дете и велат: Се работи на случајот за второ

Славчо Петров од Скопје има 50 години, за прв пат во животот пред неколку месеци тој и неговата врсничка Рената станале родители. Божидар ги израдувал на 12 април 2022 година.

– Во брак сме уште од 2014 година, жена ми го породи на 49 години, во прв момент мислевме дека е ковид во прашање, вели Славчо пред камерите на ,,Зевзекманија”

– Влеговме во лабараторија на подетални исратжувања и утврдивме дека е бремена. Породувањето беше кри тично, можев да ја изгубам жената.

– Цели 20 минути била напната ситуацијата но се се завршило добро. Многу е интересно, можеби некој генерации како мене и внуци имаат но ете јас имам дете.

– Малку е терсене за заспивање, седи до 2-3 по полноќ. Јас го чувам него од сабајле бидејќи жената е на работа, додава Петров.

Голема е Божјата си ла, од таму го носи и мето Божидар, бидејќи малото јуначе е слатко како бонбонче а кротко како јагне а на неговата среќа му нема крај кога е на лулашките во паркот.

Славчо го пресоблекува и го храни а игрите и гугањата се секојдневија. Преку ден е со Славчо а потоа работата ја превзема Рената.

– Понекогаш е напорно, се потиме но сепак е интересно, тој не прифаќаше да спие во креветче, цело време помеѓу нас, додава тој.

– Јас возам такси, едноставно си измеќар со таа работа, колата не е моја, прво вадиш пари за тој што е колата, па за бензиските пумпи па на крајот колку остане за тебе.

– На телевизии нема никакви програми за деца, се е тоа некој демагогии, ток шоуа, контактни емисии, а децата се запоставени, додава тој.

На прашањето дали размислува за второ дете во овие години, Славчо вели: Се работи на случајот, ако закачи, закачи, дај Боже.