Слободан го напуштил Скопје и заминал на село – сега чува кози и произведува сирење, а има една порака до оние кои велат дека им е скапо

Слободан Василевски – Боби е еден од ретките луѓе кои градскиот живот го замениле со селски. Вработен е на бензиска пумпа, козар, мајстор за сирење и иден земјоделец.

Како дете сакал да биде ветеринар па си чувал зајчиња и разни животни.Конечно во 2022ра година се одлучил на голем потег во животот – животот во центарот на Скопје го заменил со нов живот во Зелениково. За тоа зборуваше во Зевзекманија.

– Живеев во Скопје во Центар 10 минути пешки од плоштад – ката строфа живот. Барав да купам во село каде што може да е урбано да има вода и струја и каде што може да се чува стока. Икога дојдов овде се заљубив, почна приказната Зелениково.

Го продадов станот да купам плац, направив куќаи со животинки сега се занимавам кози си чувам со комшииве ќе правиме кочинче да чуваме свињи.

Стануваш знаерш дека има некој што те чека – козите. Трбеа да се наранат, кога е време да се молзат се молзат се прави сирење и така. Работа – дома.

Продавам сиренце, млеко..400 денари сирење. Еден пријател ми вика де бре вие козарите сакате одма господари да станете. Не бе викам, срце, купи си коза, чувај си ја, молзи си ја, пери, прави, сири и ќе ти биде џабе сирењето, објаснува Слободан.

Томи, синот на Боби, направи споредба меѓу животот во градот и во село. -Тука е поубав мирисот неголи во Скопје. Таму повеќе мириса на загаден воздух тука е чисто. Секој ден си правам фризура и не ми е за женски, вели Томи.

– Бев порано, глупо да не звучи, тие шеми, кафичи, дискотеки, шанкови, значи урбан живот максимален. И одеднаш пре секов. Доста е урбанизам одиме малце во село.И се најдов тука – тоа е битното.