Спасовски откри грозоморни детали: Вања била врзана за нозе и раце и ставена во вреќа

На новинарско прашање за тоа како Вања е грабната од дома, говреа и Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски.

-Двајца од осомничените кажаа дека кога излегува, како излегува девојчет разбрале од осомничениот по кој се трага, а тој им кажал дека тоа го дознал од таткото на девојчето. Тоа било грабнато од влезот внатре во зградата, кажа Бубевски, а на тоа се надврза Спасовски:

– Од две лица Вања била пречекана во влезот на зградата, при што и биле врзани раци и нозе и ставена во вреќе за спиење.

Така била изнесена и ставена во гепекот на Цитроенот. Потоа е однесена на местото каде е најдена и таму е убиена, кажа Спасовски.