Српската креаторка Верица откри за страшното искуство во Охрид: Сакаа да не запалат и турнат во езерото

Креатроката Верица Ракочевиќ и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ еднаш, додека биле на одмор пред неколку години, за малку не настрадале во Македонија додека спиеле на брегот на Охридското Езеро во камперот со кој патувале.

Почетокот на нивната летна авантура не беше воопшто пријатен, но тоа не ги обесхрабри да го продолжат своето патување.

-Кога ќе слушнеш околу тебе дека петмина зборуваат како ќе те запалат и ќе те турнат во водата е страшно. Јас спиев, а сопругот само ми ја стави раката на уста и ми рече да бидам тивка – кажа за Пусл Србија, а пренесе Курир.рр.

-Тоа беше огромен кампер кој имаше заштита од светлина на ветробранското стакло и Вељко само ползеше до возачкото седиште, го одвитка заштитникот, го стартуваше возилото, ги запали светлата и напаѓачите се исплашија, за две минути излеговме на пат, рече Верица Ракочевиќ.

Како што рече, тие без престан возеле до грчката граница, а потоа ја продолжиле летната турнеја на Крф.